Тони Крос: Зидан и Гвардиола се одлични, но Хејнкес е најдобриот тренер во мојата кариера

Германскиот интернационалец Тони Крос ја освои шампионската титула во Ла Лига со Реал Мадрид оваа сезона, истакнувајќи дека ужива во работата со Зинедин Зидан. Има пофални зборови и за Пеп Гвардиола, но за него Јуп Хејнкес е најдобриот тренер со кого работел во кариерата.

„Уживам во работата со Зинедин Зидан, затоа што знам дека потполно ми верува кога сум на теренот. Тоа ми дава слобода да го дадам најдоброто од себе на секој натпревар. Со Зидан на клупата освоив најмногу трофеи во кариерата, можам да кажам само пофални зборови и за Пеп Гвардиола, но за мене Јуп Хејнкес е најдобриот тренер во кариерата. Тој ми помогна многу во клучните години, во Баер Леверкузен и во Баерн Минхен“, изјави Тони Крос.

Тој во сезоната 2012/13 со Јуп Хејнкес како тренер на Баерн Минхен освои титули во Бундес-лигата и во Лигата на шампионите.

 

 

 

Се вчитува...