Тони Надал откри кој според него е најдобар тенисер на сите времиња

Поранешниот тренер на Рафаел Надал, Тони откри кој според него е најдобар тенисер на сите времиња. Вујкото на Рафа вели дека поради начинот на играта и промената која ја направи во светот за него најдобар е Роџер Федерер.

„Тој е неверојатен. Едноставно уживам да го гледам. Додека му бев тренер на Рафа, нормално дека сакав да го победиме. Го сакам неговиот начин на игра бидејќи е неверојатно елегантен, а сепак продуктивен. Знам дека Роџер е најдобар на сите времиња“, изјави Тони Надал. 

Тој исто така го проектираше и совршениот тенисер. Ги одбра сервисот и волејот на Федерер, за форхенд се двоумеше меѓу Швајцарецот и Шпанецот, а бехенд тој на Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...