Топ голови на ЕП: Сара Ристовска меѓу најдобрите десет (видео)

ЕХФ денеска ги објави топ-листите на најубави погодоци и голмански одбрани на штотуку завршениот европски шампионат што се одржуваше во Македонија, Словенија и во Црна Гора.

Сара Ристовска е единствената македонска репрезентативка на овие топ-листи, откако голот на нашата ракометарка против Холандија беше избран за десетти најубав на шампионатот.

Ристовска и Саздовска се најдоа и на топ-листата на најдобри одбрани, откако голманките на Франција и на Холандија на извонреден начин ги запреа нивните обиди во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Се вчитува...