Торес: Гризман нема потреба да го напушта Атлетико

Фернандо Торес го советувал Антоан Гризман да ги игнорира понудите од Манчестер јунајтед и да остане во Атлетико Мадрид и следната сезона.

Гризман многу лесно би можел ова лето да го напушти Мадрид, а како следна негова дестинација се потенцира Манчестер јунајтед кој е подготвен да плати 86 милиони фунти за услугите на 26-годишниот француски фудбалер.

Но, Торес смета дека Гризман треба да остане во Атлетико затоа што тука има се што му е неопходно…

„Се надевам дека ќе остане со нас. Кога млади фудбалери ќе станат едни од најдобри во светот, тогаш сите веднаш сакаат да ги поседуваат. Тој има 26 години, одлични години да ја развие дополнително својата игра и одлучи дали ќе биде добар или врвен играч. Во Атлетико има се што му е потребно, одличен тим, најдобрата лига во светот, настап во Лигата на шампионите… Јас не би заминал“ – вели Торес.

Се вчитува...