Торино му зеде мерка на Интер

Интер губи здив во трката за висок пласман во „Серија А“ откако по минатонеделното реми со Сасуоло, „нероаѕурите“ вечерва претрпеа пораз од 1-0 на гостувањето против Торино.

Играта што тимот на Лучијано Спалети ја покажа на ова тешко гостување е далеку под посакуваното ниво, а казната стигна уште во првото полувреме, кога Ицо скокна највисоко по еден корнер и со лоб удар со глава ја смести топката во мрежата на Хандановиќ.

Немоќта беше голема и во второто полувреме, кога не беше создадена ниту една стопроцентна шанса иако се бркаше резултат, а фрустрациите излегоа на површина откако Политано доби директен црвен картон за протести кон судијата.

Се вчитува...