Тотална доминација: Работнички го освои младинскиот Куп на Македонија!

Откако претпладнево се закитија со Куп трофејот во кадетска конкуренција, Работнички ја заокружи доминацијата изминатава сезона во најмасовното клупско натпреварување и во младинска конкуренција.

На СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, младинците на Работнички стигнаа до титулата во Купот на Македонија откако во финалето со 3-1 славеа против Академија Пандев. По подобра игра младите „романтичари“ стигнаа до трофејот, на крајот за сосема заслужено славје.

Претходно, како што е познато, во кадетска конкуренција Работнички со 3-0 победи во финалето, исто така против Академија Пандев.

За апсолутната доминација во пионерско-младинските категории во Македонија на Работнички доволно зборува и податокот дека утре од 10:30 часот, исто така во Охрид, ги очекува финалето во Купот на Македонија и во пионерска конкуренција, против Вардар.

pehari kup

Се вчитува...