Откако вчера насрнаа еден на друг, Аурелиен Чуамени и Федерико Валверде денес завршија повторно во клинч во соблекувалната на клубот.
Според извори блиски до кралскиот клуб, сè започна кога Валверде одбил да се ракува со својот соиграч за време на тренингот, па избувнал хаос во соблекувалната.
Дошло до сериозна тепачка по која Валверде морал да оди во болница поради посекотина на лицето.
Ситуацијата можела да излезе уште повеќе надвор од контрола доколку соиграчите не реагирале. Тие спречиле понатамошен хаос.
Реал Мадрид реагираше веднаш. Веднаш беше покрената дисциплинска постапка против двајцата фудбалери и се очекуваат драстични казни.
Извршниот директор на клубот, Хозе Анхел Санчез, веднаш свика итен состанок. Исто така, се очекува дека ќе реагира и првиот човек на клубот, Флорентино Перез, бидејќи на овој начин е нарушена честа на кралскиот клуб.
Она што им е јасно на сите е дека постои целосен распад на системот на владеење меѓу „кралевите“. Ова е голема срам за таков клуб.
Овој инцидент само го разоткри она за што се шепотеше во Мадрид со месеци. Соблекувалната, која со години се сметаше за еден од најстабилните колективи во Европа, сега е во хаос.
Незадоволството од минутите, критиките од медиумите и зголемениот притисок за резултати создадоа клима во која мала причина е доволна за сè да експлодира.
Сето ова полека, но сигурно го уништува препознатливиот „ген на победник“ со кој клубот се гордее со години.
Поразите што претходно служеа како аларм, сега оставаат подлабоки траги. Во соблекувалната, според информациите од Шпанија, се формираат мали групи, атмосферата е ладна и речиси и да нема отворени разговори.
Во таква средина, секој поостар почеток на тренинг или грд збор лесно се претвора во отворен конфликт, како што се случи меѓу Валверде и Чуамени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
