Тотенхем го намамил Бејл со терени за голф?!

Реал Мадрид едвај дочека да се ослободи од Герет Бејл, кој често беше мета на шпанските медиуми поради неговата љубов кон голфот. Тоа не би претставувало никаков проблем доколку Велшанецот играше на ниво кое од него се очекува.

Пред неговото враќање во Тотенхем, на пат кон Англија тргна и неговиот соиграч од Мадрид, Серхио Регуилон, кој откри како составот од Лондон успеал да го намами Бејл.

„Се изненадив кога видов неколку терени за голф во тренинг центарот на Тотенхем. Луѓето од клубот ми кажаа дека истите се поставени токму поради Бејл“ – изјави Шпанецот.

Островјаните својот најдобар играч претходно го пречекаа и со транспарент од неговата препознатлива изјава: „Велс. Голф. Мадрид… По тој ред“.

Се вчитува...