Тотенхем ’од втора’ го елиминира Рочдејл во ФА купот на Англија

Тотенхем се пласира во четвртфиналето на ФА купот на Англија, откако на „Вембли“ во повторен натпревар го елиминира нисколигашот Рочдејл, совладувајќи го со убедливи 6-1. Во дуел со многу контроверзи за што придонесе и ВАР – технологијата, на крајот сепак беше пресуден квалитетот на фудбалерите на Покетино.

Хјонг – Мин Сон го отвори резултатот, потоа не искористи пенал (застана пред да шутира, па погодокот беше поништен), а Рочдејл успеа да израмни со голот на Хамфри во 31.минута.

Во вториот дел Тотенхем беше надмоќен. Фернандо Љоренте постигна хет – трик, втор гол постигна Хјонг – Мин Сон, а серијата ја затвори Вокер – Питерс за убедливи 6-1 и дуел во четвртфиналето против Свонси.

 

Се вчитува...