Тоти доби директорска понуда од клубот што го одби како играч

Франческо Тоти разочаран си замина од Рома, обвинувајќи ги американските газди дека не му дале никаква слобода во директорската функција за да носи одлуки за доброто на клубот во кој ја мина целата играчка кариера.

„Принцот на Рим“ засега е без ангажман, но како што стојат работите лесно може да добие нова функција, и тоа во клубот што го одби како играч. Имено, Флорентино Перез е подготвен да му додели на Тоти директорска функција во Реал Мадрид, за уште поголемо подобрување на имиџот на најтрофејниот европски клуб. Засега не се познати работните обврски што би ги имал Италијанецот, кој по летниот одмор со семејството ќе одговори на понудата на „кралевите“.

Тоти веќе неколку пати го одби Реал Мадрид како играч, дали тоа сега ќе се повтори и при понудата да стане дел од управата на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...