Трабзонспор и официјално го потврди големиот трансфер на Мохамед Салах, објавувајќи дека египетската фудбалска ѕвезда денес ќе пристигне во Турција, каде ќе ги заврши последните формалности пред потписот на договорот.
Во соопштението на турскиот клуб се наведува дека Салах, со кого веќе се водат завршните преговори за трансфер, ќе слета на терминалот за општа авијација на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул во среда, 5 август, во 12:00 часот.
„Играчот се очекува во вечерните часови да пристигне во Трабзон. Времето и останатите детали околу неговиот пречек ќе бидат објавени преку официјалните комуникациски канали на клубот во текот на денот“, соопшти Трабзонспор.
Според претходните информации, поранешниот напаѓач на Ливерпул ќе потпише двегодишен договор со турскиот клуб. Салах ќе заработува 17 милиони евра по сезона, без да се пресметаат бонусите предвидени во договорот.
Со ангажманот на еден од најдобрите африкански фудбалери во историјата, Трабзонспор испраќа јасна порака дека има високи амбиции за претстојната сезона и ќе се обиде да се вклучи во борбата за највисоките цели во турскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
