Традиционалистите викендов на Европското првенство во Белград

Македонската репрезентација во традиционално карате викендов од 14. до 16. септември ќе настапи на 33. ЕТКФ европски шампионат во традиционално карате за сениори, младинци, јуниори и кадети во Белград, Србија.

Репрезентацијата ќе биде предводена од нашиот најдобар каратист Дејан Недев кој е во исто време тренер и натпреварувач.

За Македонија ќе настапат: Дејан Недев, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска, Бојан Богдановиќ и Спасе Стојанов во сениори, Берта Милевска и Петар Костов во младинска конкуренција, Мила Саздова и Јана Милевска во јуниори и Димитар Витанов, Ведран Андоновски, Максимилијан Глигоров и Димитри Влахо во кадетска конкуренција.

Се вчитува...