Трагедија: Почина младиот македонски боксер Марко Тодоров

Нова трагична вест го потресе македонскиот спорт, откако денеска беше објавено дека почина младиот кикбоксер Марко Тодоров.

23-годишниот Тодоров беше добитник на бројни медали и важеше за еден од најнадежните кикбоксери кај нас. За жал денеска неговото семејство и неговите најблиски преку социјалните мрежи се збогува со него.

Последниот поздрав со Марко ќе се случи утре  во 13.30 на градските гробишта во Бутел.

Се вчитува...