Трагедија во Франција: Убиен европски првак во бокс

Познатиот фрацунски боксер Вилфрид Флорентин е убиен со истрели од огнено оружје. Боксерот сакал да заработи дополнителни пари така што работел обезбедување во еден бар, а трагедијата е потврдена од болницата во Кретеј во близината на Париз.

Несреќата се случила во раните утрински часови пред ноќниот бар, а како што досега покажала истрагата, Флорентин е убиен од непознат сторител со истрели од пиштол.

Флорентин беше европски првак во 2019 година во категоријата до 91 килограм, и се чинеше дека пред овој 22-годишен спортист се уште многу успешни резултати во боксот.

Се вчитува...