Трагедија во Германија: Во сообраќајка загина млад фудбалер на Борусија М.

Германија е завиена во црно по веста дека младиот фудбалер на Борусија Менхенгладбах, 20-годишниот Јорди Бонгард загина во сообраќајна несреќа. Веста ја потврди и самиот клуб.

„Борусија жали за Јорди Бонгард, кој загина синоќа во сообраќајна несреќа. Изразуаме сочувство до семејството. Засекогаш ќе остане во нашите мисли и срца“, се наведува во соопштението.

Бонгард настапуваше и за младите селекции на Грманија, а исто така беше член и на младата екипа на Борусија М.

Се вчитува...