Трагедија во Нов Зеланд – се урна балкон од дискотека, повредени ватерполисти…

Голема трагедија се случи рано утринава во Нов Зеланд, откако се урна балкот во дискотека каде се забавуваа голем број ватерполисти, кои учествуваат на светскиот шампионат што се одржува во оваа земја. Досега се регистрирани две жртви на немилиот настан, кои го загубиле животот на пат до најблиската болница, но не се исклучува можноста овој број да се зголеми.

„Беше ужасно. Се забавувавме, игравме… и тогаш одеднаш балконот се урна и паднавме неколку метри надоле. Потоа се појави паника кај сите“ – изјави капитенот на репрезентацијата на Нов Зеланд, Мет Смол.

Меѓу повредените има ватерполисти на САД, Нов Зеланд, Холандија, Италија и Бразил, но голем дел од нив минале само со полесни повреди.

Се вчитува...