Тешка сообраќајна несреќа го потресе романскиот фудбал, откако комбе со членови на вториот тим на Динамо Букурешт излетало од патот и удрило во дрво.
Во несреќата животот го загуби Константин Ковачија, член на тренерскиот штаб на вториот тим на Динамо, како и возачот на комбето.
Според романските медиуми, неколку лица се здобиле со тешки повреди. Меѓу нив бил и тренерот Адријан Ропотан, кој долго време бил заробен во возилото додека траела спасувачката акција. Сепак, лекарите потврдиле дека неговиот живот повеќе не е во опасност.
Во комбето се наоѓале вкупно 16 членови на клубот од Букурешт. Несреќата се случила додека тимот патувал кон стадионот, каде што требало да го одработи утринскиот тренинг во рамки на подготовките.
Вториот тим на Динамо моментално се наоѓа на подготовки во Кампулунг, а трагедијата предизвика шок и тага во клубот и во целата романска спортска јавност.
Според првичните информации од истрагата, се претпоставува дека возачот на комбето доживеал срцев удар додека управувал со возилото, по што изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во дрво. Надлежните органи продолжуваат да ги утврдуваат точните околности под кои се случила несреќата.
Reacția clubului Dinamo după tragicul accident din Argeș: Un membru al staff-ului medical a murit, antrenorul Adrian Ropotan este în spitalhttps://t.co/jdncZ7Ev3G pic.twitter.com/VM90r791z9
— Realitatea PLUS (@realitatea) July 31, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
