Шпанскиот фудбал е потресен од трагична вест, откако 19-годишниот Џеди Сидибе го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во провинцијата Сарагоса.
Сидибе беше член на шпанскиот клуб Сарагоса Галакси, а несреќата се случила на патот меѓу Булбуенте и Малехан. Во директен судир учествувале автомобил и камион.
Во несреќата животот го загубиле вкупно четири лица, меѓу кои и младиот фудбалер, додека уште едно лице било тешко повредено.
Од неговиот клуб со емотивна порака се простија од Сидибе, истакнувајќи дека тој не бил само фудбалер, туку и пријател и прекрасна личност. Веста, како што наведоа, ги оставила без зборови.
Околностите под кои се случила несреќата сè уште се истражуваат. Смртта на 19-годишниот Сидибе претставува голема трагедија за неговото семејство, соиграчите и целиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
