Трагикомично: Драгон загуби со 13-0 во квалификациите за ЛШ

Македонскиот првак Драгон со преубедлив пораз од Осијек (13-0) го стартуваше настапот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Разликата во квалитет беше неверојатна, хрватските шампионки си поигруваа со „драгонки“, кои едвај успеваа да излезат од сопствената половина, камоли да го загрозат противничкиот гол. Во 10. минута Осијек веќе водеше со 2-0, а потоа на гол се чекаше се до 43. минута, кога Хрватките набрзина постигнаа уште три погодоци и на одмор се замина со нивна предност од 5-0.

Фудбалерките на Драгон снемаа сили во второто полувреме, па можеше да се проследи уште поголема доминација на противникот и нови осум постигнати погодоци.

Покрај Осијек, македонскиот првак се наоѓа во иста квалификациска група и со Спортинг од Португалија и со Авалдснес од Норвешка.

Се вчитува...