Трајчевски: Мечот со Силекс за нас е финале

Работнички со нов тренер, Ѓоре Јовановски, влегува во битка за излез во Европа до крајот на шампионатот во Првата лига. Утре „романтичарите“ ќе го пречекаат тимот на Силекс, а капитенот Душко Трајчевски вели дека секој меч за нив до крајот на првенството ќе биде своевидно финале, почнувајќи од дуелот со кратовци.

„За нас секој меч до крајот на првенството е како финале. Промената на тренерската позиција малку го раздрма тимот, тоа секогаш носи некоја дополнителна енергија и се надевам дека сето тоа ќе го искористиме за да одиграме квалитетно против Силекс и да успееме да ги освоиме трите бода. Нема да биде лесно, Силекс е одличен состав, се наоѓа на третата позиција и на секој меч покажува дека е навистина квалитетен. Но, ние немаме друг избор, ќе излеземе на дуелот со само една цел – да победиме“, изјави Душко Трајчевски за официјалниот сајт на клубот.

Поради директен ТВ пренос, овој натпревар утре ќе започне во 15 часот, еден час порано од останатите натпревари во 26.коло.

Се вчитува...