ЕКИПА во Порто,
Владимир Булатовиќ
По една преспиена ноќ, се уште е големо разочарувањето што македонската репрезентација не успеа да приреди уште една сензација, да ја совлада Португалија и да се пласира на СП 2022 во Катар.
Противникот беше подобар на терен и заслужено победи, а Македонија останува горда на оваа генерација фудбалери, кои остварија неколку неверојатни резултати на патот до синоќешното финале.
„Бевме блиску до нешто големо, сакавме да победиме, дадовме се од себе, но тоа не беше доволно. Ние сме сигурни дека сме одлична група, тим кој се бори за единствена цел. Чекор по чекор ќе станеме уште посилни од досега, секогаш трудејќи се да се подобруваме. Горди на овој тим! Ајде Македонија засекогаш“, порачува напаѓачот Александар Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА