Трајковски и Мајорка на пат кон втората лига

Александар Трајковски и Мајорка се чекор поблиску до испаѓање во втората шпанска лига откако не успеаја да приредат изненадување на денешното гостување против Севилја, губејќи од фаворитот со 2-0.

Окампос го отвори резултатот од пенал во 41. минута, а конечните 2-0 ги постави Ен Несири во финишот од натпреварот. Трајковски влезе во игра во 73. минута, петнаесетина минути подоцна имаше убав удар кон противничкиот гол што домашниот голман сепак успеа да го запре.

Мајорка по овој пораз на две кола до крајот на сезоната остана на претпоследното место на табелата со 32 бода, на „минус четири“ од Алавес, кој има и меч повеќе за играње во однос на тимот на Трајковски.

Се вчитува...