Трајковски и Мајорка обезбедија влез во Примера

Александар Трајковски и Мајорка по само една година пауза се враќаат назад во елитното шпанско фудбалско друштво, откако оваа екипа на три кола до крајот на сезонава го осигура второто место кое значи пласман во Ла Лига.

Мајорка денеска воопшто не излезе на терен, но поразот на Алмерија на гостувањето против Картагења од 3-2 значеше и математичко осигурување на втората позиција.

Трајковски сезонава имаше многу мала минутажа, па останува да се види дали македонскиот репрезентативец ќе остане во клубот за настапите во Примера или ќе ги смени клупските бои по ЕВРО 2020.

Се вчитува...