За каратистите на „Макпетрол” нема одмор. Штотуку се вратија од ЕП за сениори во Задар, и по предвидениот план и програма, веднаш заминуваат на нов светски натпревар.
Двајцата постари јуниори (У21), кои се највисоко рангирани спортисти на Македонија, ќе учествуваат на светската младинска лига, на оваа светска лига, со нив ќе биде и тренерот Петар Заборски.
Во периодот од 16. до 19.мај во Ла Коруња, Шпанија ќе се одржи Светската младинска лига. Нашите најдобри репрезентативци и освојувачи на европски и светски медали, Витомир Трајковки (-84 кг) и Стефан Стојановиќ (+84кг), активно ќе земат учество за да ја задржат или подобрат својата позиција на светската ранг листа на WKF (Светската карате федерација).
Во моментов и во период од веќе две години Витомир Трајовски (– 84 кг) е прворангиран на светската ранг листа, додека Стефан Стојановиќ е второрангиран на светската ранг листа во категоријата (+84 кг).
Во Шпанија ќе учествуваат 3032 спортисти од 76 држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА