Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски и неговата Ал Феиха не успеаја да стигнат до трофејот во Суперкупот на Саудиска Арабија откако во финалето одиграно во Ријад загубија од Ал-Итихад со 2-0.
Ал Итихад уште во третата минута стигна до водство од 1-0 со погодокот на Хамдалах. Клучниот момент во натпреварот се случи во 24. минута кога по еден старт Ал Сафари доби директен црвен картон. До крајот на првото полувреме за издвојување е и промашениот пенал на играчот на Ал-Итихад Ал Обуд.
Конечните 2-0 ги постави Хамдалах во 48. минута. Македонскиот репрезентативец се најде на клупата за резерви на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА