Александар Трајковски, завршувајќи ги своите обврски во Саудиска Арабија, денеска се приклучи на македонската репрезентација пред утрешното патување во Бугарија каде на 2. јуни во Разград не чека почетокот на новата сезона од Лигата на нации.
Трајковски верува дека секој поединец во тимот ќе го даде максимумот во желбата да дојдеме до нов настап на европско првенство.
„Мора да бидеме максимално фокусирани од самиот старт на Лигата на нации, па како што се пласиравме на претходното европско првенство да се обидеме да дојдеме повторно до едно големо натпреварување“ – вели Трајковски, и дополнува:
„Знаеме дека не чекаат напорни четири натпревари, но сепак сме професионалци и имаме силен мотив кога играме во националниот тим да го дадеме максимумот. Имаме доста фудбалери и млади кои постојано доаѓаат и кои сигурно имаат мотив да ги демонстрираат своите квалитет. Мислам дека Бугарија ни ја предава фаворитската улога, па зошто да не ја и прифатиме. Нашите резултати кои ги постигнуваме последната година едноставно не ставаат во таа улога“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА