Најважната спортска вест што допре до јавноста во САД е продолжувањето на кариерата на Леброн Џејмс, односно потписот на 41-годишниот кошаркар во тимот на Филаделфија 76.
По тој повод, еден од новинарите го праша американскиот претседател Доналд Трамп, кој не важи за голем љубител на кошарката во споредба со другите спортови, кој е најдобар во историјата на овој спорт: Леброн Џејмс или Мајкл Џордан.
„Мајкл Џордан ми е пријател. Играме голф заедно. Тој е одличен човек. Леброн можеби е расист. Можеби не го сака Трамп. Не знам, но… Ги сакам само луѓето што ме сакаат мене, така што… дефинитивно Џордан!“, изјави Трамп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
