Трансфер-бомба: Шариќ се враќа во Евролигата, има нов клуб

Дарио Шариќ ланската сезона одигра само пет меча за Сакраменто кингс, јасен знак дека за хрватскиот крилен кошаркар нема веќе иднина во НБА.

Хрватот е подготвен за камбек назад во европската кошарка, а неговиот агент Мишко Ражњатовиќ преку своја препознатлива најава најави голем камбек – потпис на Шариќ за Анадолу Ефес. Хрватот пред десет години од ЕФес се пресели во НБА-лигата, а последните информации говорат дека Дарио сега ќе потпише двогодишен договор со гигантот од Истанбул.

„Туркиш ерлајне е единствената авио-компанија што им овозможува на патниците да се вратат со истиот билет по 10 години“, објави Ражњатовиќ.

Шариќ одигра 498 средби во НБА-лигата (на 230 од нив беше стартер) во просек постигнувајќи по 10,3 поени и 5,3 скокови по натпревар додека ги бранеше боите на Филаделфија, Феникс, Минесота, Голден Стејт, Оклахома, Денвер и Сакраменто.

Се вчитува...