Трансфер-листа: Мурињо избриша шест „кралеви“, можат да почнат да се пакуваат

Флорентино Перез синоќа и официјално потврди дека по неговата победа на претседателските избори за нов тренер ќе го именува Жозе Мурињо.

Сите детали од тригодишниот договор со португалскиот стратег се веќе средени, „специјалниот“ доставил листа со засилувања што Перез почна да ја исполнува (Конате, Дамфрис…), но Португалецот исто така ја составил и трансфер–листата со играчи кои слободно можат да почнат да се пакуваат, а нивните агенти да им најдат нов клуб.

Едуардо Камавинга е на врвот на листата „непожелни“ од новиот тренер, заедно со него се и проблематичните Раул Асенсио и Дани Себалјос кои беа во конфликт со Арбелоа, потоа левиот бек Фран Гарсија, аргентинскиот тинејџер Мастантуоно и Бразилецот Родриго.

Мурињо се надева на најмалку 150 милиони евра од продажбата на овие фудбалери, а најголем проблем ќе биде Родриго, кој ќе биде „во аут“ до крајот на оваа календарска година и тешко дека ќе се најде клуб што ќе плати богатство за него додека Бразилецот не се врати на терените и потврди дека се враќа во својата топ-форма.

Се вчитува...