Трансфер на векот: Леброн оди кај Кари во Голден Стејт?

Иднината на Леброн Џејмс се уште е максимално атрактивна тема во американската спортска јавност, а последните информации говорат дека легендарниот суперстар би можел да формира „тандем на ѕвездите“ со Стеф Кари во Голден Стејт.

„Воините“ се обидуваат да го примамат Леброн во своите редови со години наназад, „кралот“ остануваше лојален на ЛА Лејкерс, но мегадоговорот што го имаше со овој клуб истече, а преговорите за нов воопшто не се движат во посакуваниот правец.

Кари веќе ја презел улогата на посредник и според одредени информации добил „амин“ од Џејмс за интензивирање на преговорите. Леброн земаше над 50 милиони долари во последните сезони, а проблем е што Голден Стејт планира да му понуди околу 15 милиони на 41-годишниот ветеран.

Позитивни за „воините“ е што ниту еден од останатите заинтересирани клубови не му нуди сериозно повисока сума на „кралот“, но затоа евентуалното партнерство со Кари на теренот може да донесе и богати спонзорски договори, што е сериозен фактор во преговорите за овој „трансфер на векот“.

Се вчитува...