Македонскиот фудбалски репрезентативец Елмин Растодер го комплетираше трансферот од соништата откако вечерва и официјално го стави потписот на четиригодишниот договор со Панатинаикос.
Растодер е роден во Швајцарија и целата досегашна кариера ја мина во оваа земја, почнувајќи од младинската академија на Грасхоперс, потоа настапувајќи за неколку различни тимови. Врвот сепак го достигна изминатата сезона, кога со Тун стигна до титулата во швајцарскиот шампионат, прв трофеј на овој тим во клупската историја.
Растодер одигра значајна улога на патот до титулата (15 гола и 6 асистенции) со што го привлече вниманието на десетина клубови ширум Европа.
Од бројните понуди на маса, тој ја избра онаа на Панатинаикос, вечерва и официјално го потпиша договорот со овој клуб, каде се очекува да биде значаен адут на „зелените“ во обидите да се вратат во борбата за трофеи на грчката фудбалска сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
