Се ближи крајот на преодниот рок, а дел од европските гиганти се уште преговараат за големи фудбалски ѕвезди кои до крајот на месецов би можеле да ги променат клупските бои.
Една од нив е и Енцо Фернандез, аргентинскиот играч за врска кој се наоѓа на врвот на листата со желби на Манчестер Сити. Енцо Мареска инсистира на повторно обединување со фудбалерот со кого имаше беспрекорна соработка во Челси, па се најавува дека „граѓаните“ во следните 48 часа ќе испратат понуда од 120 милиони фунти, колку што Челси го процени својот поранешен капитен.
Чаби Алонсо сака да го задржи Енцо, но не по секоја цена свесен дека незадоволен фудбалер може да му создаде огромни главоболки во соблекувалната. Затоа, новиот тренер на Челси е подготвен да даде зелено светло з заминувањето на Аргентинецот, но доколку добие можност да доведе адекватна замена. Англиските медиуми најавуваат дека Чаби ќе тргне по Камавинга од Реал, играч што според него ќе нема проблем со адаптација во Премиер-лигата.
Камавинга би го чинел Челси не повеќе од 70 милиони фунти со оглед на фактот дека не е стандарден кај Жозе Мурињо, па Реал би дал зелено светло за трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
