Изгледа дека ништо нема да биде од трансферот на Џеријан Грант во Бешикташ. Турскиот клуб постигна договор со американскиот бек, но Жељко Обрадовиќ, тренерот на Панатинаикос, не го одобри овој трансфер.
Според турскиот медиум „Картал Рекорд“, Бешикташ му понудил на Грант мошне поволен договор. Двете страни се договориле, но Обрадовиќ не дал согласност и го стопирал трансферот.
Грант е член на Панатинаикос од 2023 година, а во Турција настапуваше во сезоната 2022/23, кога го носеше дресот на Турк Телеком. Во Евролигата, тој има просек во кариерата од 7,1 поен, 1,8 скока и 2,9 асистенции.
Во 2015 година, тој беше избран како 19. пик на драфтот од страна на Вашингтон, кој веднаш потоа го испрати во Њујорк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
