Тренерот на Елмас ја скрши клучната коска

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети имаше мала незгода пред утрешниот натпревар во Лигата на шампионите против Ливерпул на домашен терен во премиерното коло од А групата.

Имено искусниот италијански стратег ја скршил клучната коска и доживеал вистинско патешествие до Милано каде што бил опериран.

„Ја скршив клучната коска. 7 часа патував до Милано, стигнав во 4 часот наутро. Во 11.30 ме оперираа, ме отпуштија вчера во 19 часот. Со другар се вратив овде во 3.30 часот. Сега сум во ред, го прескокнав само вчерашниот тренинг“, изјави Спалети. 

Натпреварот меѓу Наполи и Ливерпул ќе се игра утре со почеток од 21 часот на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Се вчитува...