Тренерот на Леванте воодушевен: Барди е феномен, имаше така тешка недела а сето тоа беспрекорно го мина

Македонскиот репрезентативец Енис Барди веднаш по онаа историска победа над Германија имаше повеќе од тешка недела по враќањето во Шпанија. Барди се соочи со голем проблем откако шпанската полиција по грешка процени дека македонскиот фудбалер има фалсификувана дозвола.

Сето тоа македонскиот репрезентативец го демантираше. Проблемот е решен а Барди е веќе максимално посветен на утрешниот натпревар на Леванте.

Тренерот на Левате, Пако Лопез е воодушевен како Барди се справил со целата таа несакана ситуација.

„Барди немаше баш добар период, имаше тешка недела, но за среќа проблемот е веќе решен. Но, може да кажам дека тој е еден навистина феномен. Минуваше низ тешки моменти но умешно, смирено го реши проблемот. Сите знаеме дека Енис е многу одговорно момче, буквално за се, и во животот и на теренот, беспрекорна лично. И по еден таков период ние го имаме 100% посветен и ментално и физички за следниот предизвик. Јас сум воодушевен од него, како го надмина овој период“ – истакна Лопез за шпанските медиуми.

Леванте утре од 18:30 часот му гостува на Еибар во 30. коло во Ла Лига.

Се вчитува...