Шкотскиот шампион Селтик во кратко соопштение објави дека менаџерот Мартин О’Нил во средата бил подложен на итна операција.
Клубот не соопшти повеќе детали, а веројатно е дека искусниот Мартин О’Нил ќе биде пуштен на домашно лекување за ден или два. Не беше наведено ниту за каква операција станува збор.
„За да ги разјасниме шпекулациите, можеме да потврдиме дека Мартин О’Нил имаше помала операција во болница. Очекуваме дека на О’Нил ќе му биде дозволено да си оди дома за ден или два. Во име на Мартин, им се заблагодаруваме на навивачите за нивните желби за брзо закрепнување“, се вели во соопштението.
Искусниот 74-годишник стана постојан менаџер на Селтик во јуни, по два мандата како привремен менаџер. Претходната сезона заврши одлично за славниот шкотски клуб, бидејќи тие ја освоија Премиер лигата, како и двата шкотски купа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
