Тренерот на Шишковски и Херера повреден во бизарна несреќа

Тренерот на шампионот на БиХ, Борац Бања Лука, Винко Мариновиќ, е повреден во навистина бизарна несреќа. Тој изгуби два прста при косење трева.

Според информациите од БиХ, Мариновиќ, кој е тренер на тимот каде настапуваат македонските ререзентативци Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, бил невнимателен додека косел трева, и загубил два прста.

За среќа, ги пронашол отсечените прсти во тревата. Му била укажана помош и прстите му биле зашиени. Мариновиќ се чувствува добро.

„Имав несреќа, но сè ќе биде во ред“, изјавил Мариновиќ.

Мариновиќ ќе помине некое време на боледување, но ќе биде подготвен за предизвиците што го очекуваат неговиот клуб во Европа, а потоа и во првенството на Босна и Херцеговина.

Минатата сезона Мариновиќ го предводеше Борац до титулата шампион на Босна и Херцеговина. Ова е негова втора титула со клубот од Бања Лука.

Се вчитува...