Тренерот на Ваљадолид огорчен на Сетиен: „Нема култура, секогаш тоа го прави…“

Тренерот на Ваљадолид, Серџо Гонзалес го нападна тренерот на Барселона, Кике Сетиен по поразот од 1-0 во 36. коло од Ла Лига.

Барселона славеше, но Ваљадолид беше повеќе од достоен противник, во завршницата играше и подобро заслужувајќи да дојде до бод. Сепак, Сетиен по натпреварот не се поздрави со противничкиот тренер а на прес-конференцијата напомена дека Барселона била многу подобра заслужувајќи уште во првото полувреме да постигне барем уште два гола. Сето тоа го налути Гонзалес…

„Не е веќе тука проблем на фудбалот, туку проблем на неговата култура. Секогаш се обидува да не минимизира. Тоа го правеше уште како тренер на Бетис. А, се се виде на терен. Ако некој имаше подобри шанси тоа бевме ние. Заслуживме реми, но тоа е тоа“ – вели Гонзалес.

Се вчитува...