„Трета среќа“ на Барса за Родри

Барселона не се откажува од намерата да го доведе Родри од Манчестер Сити и испратила трета понуда за шпанскиот репрезентативец.

Каталонскиот гигант претходно понуди 50, а потоа и 60 милиони евра, но двете понуди биле одбиени од Манчестер Сити. Сега Барселона се вратила со ново предложение во вредност од околу 70 милиони евра, сума која се наоѓа на половина пат меѓу последната понуда на Каталонците и бараните 80 милиони евра од англискиот шампион.

Преговорите меѓу двата клуба продолжуваат, а во Барселона владее оптимизам дека наскоро може да биде постигнат договор за трансферот на 30-годишниот играч за врска. Засега не е познато дали во понудата од 70 милиони евра се вклучени и бонуси.

Родри во меѓувреме се врати во Велика Британија по завршувањето на одморот и треба да им се приклучи на соиграчите на тренинзите на Манчестер Сити. Сепак, неговата иднина може да биде решена во следните денови доколку двата клуба најдат заеднички јазик.

Дополнителен финансиски простор за Барселона создава и продажбата на Феран Торес во Пари Сен Жермен за 50 милиони евра. Каталонците би можеле значителен дел од тие средства веднаш да го насочат кон реализација на трансферот на Родри.

Се вчитува...