Три бронзи за македонските каратисти на Балканското првенство во Србија

Македонските каратисти досега се закитија со три бронзени медали на Балканското сениорско првенство кое се одржува во Чачак, Србија.

Бронза освои и Драгана Манговска во категоријата до 50 килограми откако во полуфиналето загуби од домашната каратистика Славка Петровиќ, а во битката за третото место со 4-2 на поени ја победи Бугарката Кристина Свиленова.

Претходно бронзени медали освоиија и Давид Петков и Ангела Мојсовска.

Од останатите македонски репрезентативци, за издвојување и е пласманот на Моника Пендаровски (до 55 кг.) и Горан Николовски (до 60 кг.) кои завршија на петтото место.

Се вчитува...