Бразилските власти на чело со претседателот Жаир Болсонаро, прогласи три дена жалост поради смртта на легендарниот фудбалер Пеле. „Кралот на фудбалот“ почина вчера на 82-годишна возраст во болница, каде се лекуваше од рак.
Болсонаро, претседателот во заминување, испрати сочувство до неговото семејство, и објави дека Пеле низ фудбалот го прослави Бразил, претворајќи ја оваа игра во уметност и уживање.
Се огласи и Владата на Бразил од каде соопштија дека Пеле беше еден од најголемите спортисти на сите времиња, бидејќи е единствен со три титули светски првак.
Фудбалската федерација на Бразил соопшти дека Пеле бил многу повеќе од најголем спортист на сите времиња и вистински израз на победничкиот бразилски менталитет, и дека целата нација му е благодарна за се што направи.
Погребната церемонија на Пеле ќе почне на 2. јануари во 10 часот по локално време на стадионот на Сантос во Сао Паоло, каде што почна кариерата на Пеле. Ковчегот на „кралот на фудбалот“ ќе биде на средината на теренот 36 часа пред погребот каде што на Пеле ќе му се оддава последна почит. Погребот ќе биде на 3. јануари.
Администрацијата на Сантос и градските власти започнале со сите подготовки за погреб, откако од болницата добиле информација дека здравјето му е целосно нарушено. После тоа ковчегот во конвој и со полициски надзор ќе мине низ улиците на градот каде жителите ќе му оддадат последна почит, и ќе мине крај куќата која и натаму е во сопственост на неговата мајка, која наполни 100 години.
Пеле ќе биде погребан на гробиштата на Меморијалниот некропол „Екуменица“. Ќе бидат само неговите блиски, затоа што погребот ќе биде затворен за јавноста. Пеле самиот ги избрал овие гробишта десет години пред неговата смрт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА