Три недели пауза за Елена Ѓорѓиевска

Капитенот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Елена Ѓорѓиевска заработи тешка повреда во натпревар за својата романска Магура Чиснадие.

Македонија во Скопје ќе одигра два контролни меча, но и во овој прозорец селекторот Љубомир Савевски нема да може да смета на капитенот на репрезентацијата.

„Елена Ѓорѓиевска доживеа дислокација на рамото поради која нема да може да биде дел од тимот за овие две контролни средби. Се надеваме дека ќе се опорави до шампионатот и ќе биде дел од нашиот тим“, изјави Савевски. 

Првиот од двата меча против Норвешка кој ќе биде одигран на 29. септември ќе биде од затворен тим, додека мечот кој ќе биде одигран два дена подоцна (1. октомври) ќе биде слободен за сите љубители на ракометот.

Се вчитува...