Три порази во три натпревари – јуниорите ќе го избегнуваат дното на А-Дивизија

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години го претрпе и третиот пораз во групата фаза на Европското првенство од А-дивизија во Измир, Турција. Овој пат посилна од Македонија беше Велика Британија која славеше со 69-70 во натпревар кој беше одлучен во последната минута.

Изедначеното темпо владееше на теренот од првата минута, а и покрај тоа што нашите репрезентативци благодарение на Стојаноски и Симиќ стекнаа блага преднсот (12-7) на отварањето на првата четвртина, на крајот на истата на семафорот „позитивата“ беше само еден поен (17-16). Британците со серија од 10-2 ја превземаа иницијативата во втората четвртина за предност од 19-26, но Симиќ со симултанка не доволи поголема негатива. Македонија заигра подобро и во одбраната, ги намали грешките во нападот па на полувремето стигна до негатива од само еден напад (33-36).

Подоброто отварање на второто полувреме донесе предност од шест поени (37-43) за Бритнаците, но откако противникот не ја искористи можноста за дополнителна предност, следеше одговор од Македонија. Шошкиќ и Петроски ги разиграа Симиќ и Стојаноски па „црвено-жолтите“ стигнаа и до предност од 48-43, но за жал не успеаја да ја задржат истата и по 30. минути игра (49-50). Изедначеноста продолжи и во последната четвртина, а победникот беше одлучен во последната минута. Со поените на Дејвис и Кембел, Британците стигнаа до предност од 6266, а откако Симиќ намали на 64-66, Мајклс погоди тројка на 22 секунди пред крајот за позитива од пет поени која беше преголем залак за избраниците на Тони Симиќ.

Со 19 поени и 13 скока лидер на Македонија повторно беше Теодор Симиќ. Центарот го следеше Тома Стојановск со дабл-дабл од 14 поени и 11 скока, додека 14 поени, 3 скока и 2 асистенции додаде Андреј Шошкиќ. Лидер на Велика Британија беше Лејн Кембел со 19 поени и 9 скока.

По денешниот пораз Македонија го продолжува натпреварувањето за избегнување на дното на табелата и местата кои водат во Б-дивизија следната година.

Се вчитува...