Фудбалската репрезентација на Мали, доби звучно засилување во своите редови, а во иднина би можеле да добијат уште две.
Одличниот фудбалер на Евертон, Абдолаје Дукуре се одлучи во иднина да игра за селекцијата на Мали. Тој играше за помладите селекции на Франција, каде ги мина сите младински категории. Дукуре е роден во Франција, но никако да стигне повикот од „А“ тимот каде што е голема конкуренцијата, па така се одлучи да игра за државата на своите родители.
Неговиот настап е веќе одобрен, и наскоро ќе дебитира за оваа селекција. Но, Мали има уште две „мети“ за во иднина. Станува збор за напаѓачот на Лион, Муса Дембеле и за стоперот на Ливерпул, Ибрахима Конате.
Доколку дојдат до Мали, тогаш оваа селекција ќе биде уште посилна. Најдобриот период оваа селекција го имаше во 2012 и 2013 година кога беа трети на Африканскиот куп на нации, а во март ќе имаат голема шанса да се пласираат во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА