Тричко со два гола го реши тимот на Чеде Јаневски, ефектен автогол на Мојсов (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжува да дрма во кипарскиот шампионат, со два гола носејќи триумф од 2-1 за АЕК Ларнака против Олимпијакос Никозија, тимот кој е предводен од поранешниот македонски селектор, Чеде Јаневски.

Во плеј-оф разигрувањето АЕК триумфираше со 2-1 благодарение на двата гола на Тричковски.

Македонскиот офанзивец најпрво погоди уште во 2. мнинута од пенал, а потоа стрелаше во 26. минута за 2-0.


Гостите намалија на 2-1 благодарение на автоголот на поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов во 68. минута.

Се вчитува...