Тричко царува: „Златната копачка“ на Кипар за 2020 за македонскиот репрезентативец (ФОТО)

Уште едно признание за македонскиот репрезентативец Иван Тричковски во кипарскиот фудбал.

Сосема очекувано Тричковски го доби признанието „Златна копачка“ на Кипар за 2020 година која  традиционално ја доделува Здружението на спортски новинари на Кипар, откако минатата година постигна 20 погодоци во дресот на АЕК Ларнака.

Иван Тричковски денеска го одигра, заедно со Стефан Спировски, и дуелот на АЕК на гостувањето против Омонија на гостински терен кој го загубија со 1-0.

Се вчитува...