Тричковски двоен стрелец во триумфот против Етникос Ахна на Богатинов

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжува со гол серијата во шампионатот на Кипар, постигнувајќи два погодоци во победата од 6-1 на АЕК Ларнака против Етникос Ахна.

Тричковски погоди во 45. минута за водство од 3-0, а потоа го постигна и петтиот гол за АЕК во 71. минута.

На голот на Етникос Ахна беше поранешниот македонски репрезентативен голман, Мартин Богатинов.

По оваа победа, АЕК Ларнака со 52 бода се искачи на третата позиција на табелата, со три бода заостанување зад второпласираниот Аполон и пет бода зад водечкиот АПОЕЛ.

Се вчитува...