Тричковски стрелец за АЕК, Мојсов со црвен картон

АЕК Ларнака испушти победа во дерби пресметката на Кипар, играјќи 1-1 на гостувањето против АЕЛ по погодокот примен во 91. минута од средбата.

АЕК имаше водство уште од 13. минута благодарение на голот на Иван Тричковски. Издржаа гостите речиси 80 минути, но кога се чинеше дека ќе заминат со победа, АЕЛ со голот на Арубарена во 91. минута стигна до конечни 1-1.

tricko radost

АЕК Ларнака во последните 20 минути од мечот играше и со играч помалку, по исклучувањето на нашиот репрезентативец Даниел Мојсов кој во 73. минута доби втор жолт картон.

trickovski ivan

Иван Тричковски сега со 11 постигнати гола сезонава се проби на четвртото место на листата на најдобрите стрелци на Кипар. АЕК Ларнака, пак, со 49 бода остана на четвртата позиција, со два бода зад второпласираниот АЕЛ. На врвот е АПОЕЛ со 56 бода.

Се вчитува...