Трилер-меч во Верона: Фиорентина и со играч помалку до победа

Фиорентина ја прекина серијата од три натпревари без победа во „Серија А“ откако „виолетовите“ попладнево по голема битка славеа со 3-4 на гостувањето против „фенерџијата“ Киево.

Кога Муриел и Бенаси погодија за водство од 0-2 се чинеше дека гостите од Фиренца ќе немаат тешка задача, но Киево се врати и во 60. минута преку Пелисие од пенал израмни на 2-2, а за направениот прекршок црвен картон заработи Бенаси. Домаќините тргнаа во обид да направат целосен пресврт, но Фиорентина за свој адут го имаше Киеза, кој со два гола му донесе значајна победа на својот тим.

Се вчитува...