Трите сценарија со кои Реал во четврток може да стане шампион на Шпанија

По победата над Гранада, Реал Мадрид е на чекор до освојување на титулата во Ла лига. Благодарејќи на победата „кралевите“ се на плус четири пред Барселона на само две кола до крајот на годинашниот шампионат.

Првата меч топка избраниците на Зинедин Зидан ќе ја имаат в четврток кога ќе го пречекаат Вилјареал. Доколку ја победат „жолтата подморница“ фудбалерите на Реал ќе може да ја прослават новата титула. Второто сценарио е Реал да ремизира со Вилјареал, но во тој случај Барселона нема да смее да победи против Осасуна и третиот исход за освојување на титулата е доколку Реал биде изненаден од Вилјареал и загуби Барселона не смее да ја победи Осасуна.

Натпреварите од 37. коло во Ла Лига се закажани за четврток во 21 часот.

Се вчитува...